Никола Јокиќ не е на врвно реализаторско ниво по Ол стар паузата, но затоа се насочува на другите елементи од кошаркарската игра.
Ноќеска неговиот Денвер славеше на гостувањето кај Индијана со 125-116, а српскиот ас имаше исклучително интересна статистика и на момент заличи на поранешниот плејмејкер на Јута Џез, Џон Стоктон. За 38 минути игра постигна 18 поени, 9 скока и – 19 асистенции. Бројот на додавања за кош на овој меч е рекорд на неговата кариера и втор ефект во историјата на НБА, кога станува збор само за центрите.
NIKOLA JOKIĆ A CAREER-HIGH 19 ASSISTS 🚨
Watch every one from the @nuggets win! pic.twitter.com/X6CTVY0QT5
— NBA (@NBA) February 25, 2025
Рекордот на лигата го држи Вилт Чембрлен со 21 асистенција, но меѓу центрите, Јокиќ има 20 од најдобрите 25 натпревари во историјата во оваа статистичка категорија. Ерон Гордон со 25 поени беше најефикасен во тимот на Денвер, додека Мајлс Тарнер ја предводеше Индијана со 23.
По оваа победа Денвер повторно е на второто место во Западната конференција со биланс 38/20 и еден натпревар повеќе од Мемфис со кого е во жестока битка.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – ЛА Клиперс 106-97
Индијана – Денвер 116-125
Филаделфија – Чикаго 110-125
Вашингтон – Бруклин 107-99
Атланта – Мајами 98-86
Оклахома – Минесота 128-131
Јута – Портланд 112-114
Сакраменто – Шарлот 130-88


