На социјалните мрежи е објавена нова видео снимка од Ол стар натпреварот на која во главна улога е Никола Јокиќ.
Србинот ја зеде таблата од тренерот на Западната конференција, му рече на Лука Дончиќ да остане на клупата за резервни играчи и нацрта акција за своите кошаркари. На крај ги праша соиграчите дали го разбираат што предизвика смеа кај нив.
Фановите на социјалните мрежи се воодушевени од снимката и само посочија дека го обожаваат асот на Денвер.


