Екипата на Денвер Нагетс славеше со 120-98 во дербито на вечерта против Лос Анџелес Клиперс и се искачи на шестото место на табелата со биланс од 13 победи и 10 порази.
Неполна недела откако постигнљ 104 поени на два меча, Никола Јокиќ го одигра својот најлош натпревар оваа сезона. Го израмни најслабиот поентерески ефект (16) од првиот меч сезонава, против Оклахома со таа разлика што тогаш оствари трипл дабл бидејќи додаде 13 асистенции и 12 скока, а сега имаше само 7 скока и 2 асистенции и покрај тоа што на теренот помина 30 минути.
За тоа време шутна само девет пати што е првпат оваа сезона да упати едноцифрен број удари кон противничкиот кош, а имаше и пет загубени топки. Со него на теренот, Денвер направи предност 14 разлика по три четвртини, па Јокиќ го преседе последниот квартал.
Најефикасен кај Денвер беше Мареј со 20 поени, додека Портер постигна 17. Клиперс, кои го претрпеа третиот пораз во низа, беа предводени од Портер и Пауел кои постигнаа по 16 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Вашингтон 115-105
Филаделфија – Индијана 107-121
Чикаго – Шарлот 109-95
Мемфис – Бруклин 135-119
Минесота – ЛА Лејкерс 97-87
Денвер – ЛА Клиперс 120-98
Јута – Феникс 126-134
Портланд – Сан Антонио 116-118


