Најдобриот играч во основниот дел од НБА лигата, Никола Јокиќ повторно покажа дека знае добро да се забавува кога нема кошаркарски обврски.
Деновиве тој се наоѓа во родниот Сомбор каде ужива во слободното време и се забавува со своите пријатели.
На социјалните мрежи се појави видео каде суперѕвездата на Денвер Нагетс игра како во транс на хит на Здравко Чолиќ, нешто слично како што правеше лани.


