Којзнае кој пат оваа сезона, Денвер Нагетс не успеа да го искористи фантастичниот ефект на Никола Јокиќ и да победи.
Тимот од Колорадо загуби на гостувањето кај Чикаго со 121-129 и покрај уште едно антологиско издание на Никола Јокиќ. Србинот го оствари својот 21. трипл дабл во сезоната, постигнувајќи 33 поени, 14 асистенции и 12 скока, но ни тоа не беше доволно за триумф, па Денвер го претрпе и вториот пораз во низа. Во првото полувреме Јокиќ беше перфектен, постигна 21 поен со шут од игра 10/10. Имаше и пет забивања што е апсолутно несвојствено за него.
До третата четвртина сите опции беа во игра, а Чикаго го доби последниот квартал со 34-25 и стигна до победата и покрај тоа што во првото полувреме гостите имаа и 12 поени предност. Интересно е тоа што Денвер го имаше и вториот најдобар стрелец на мечот во Браун кој постигна 28 поени. Зад него останаа Лавин со 21 поен и Вучевиќ со 20 поени, 10 скока и 6 асистенции.
Со овој триумф Чикаго се зацврсти на десеттата позиција на Истокот, додека Денвер им даде шанса на Лејкерс да се борат за четвртото место во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – ЛА Лејкерс 107-112
Кливленд – Детроит 110-91
Бостон – Хјустон 112-114
Бруклин – Сакраменто 96-110
Мајами – Орландо 125-119
Њујорк – Мемфис 143-106
Торонто – Њу Орлеанс 113-104
Чикаго – Денвер 129-121
Минесота – Атланта 100-92
Далас – Вашингтон 130-108
Јута – Милвоки 110-125
Феникс – ЛА Клиперс 111-109


