Серијата на Денвер застана на три победи откако Нагетс ноќеска загубија од Сан Антонио на домашен терен со 110-113.
Натпреварот во Колорадо го одбележа мега-пресметката на европските суперѕвезди Никола Јокиќ и Виктор Вембанјама. Индивидуално подобар беше Србинот, но победата ја однесе младиот Французин пред кого е иднината во НБА лигата.
Wemby and the Spurs force Nikola Jokic into a turnover to effectively end the game pic.twitter.com/Fufbz3okWc
— Shane Young (@YoungNBA) January 4, 2025
Јокиќ имаше блескаво издание, постигнувајќи 41 поен, 18 скока и 9 асистенции, но мора да се знае дека упати дури 36 шута од игра од кои погоди 15. На крајот си замина како трагичар бидејќи во последниот напад, при водство на Спарс од 111-110, откако беше удвоен, сакаше да проигра еден од своите соиграчи и ја загуби топката по што гостинскиот тим го постави конечниот резултат.
Вембанјама беше нешто послаб од Јокиќ, но сепак имаше фантастично издание, постигнувајќи 35 поени, 18 скока и 4 асистенции. Сан Антонио со овој триумф се доближи на само една победа од Денвер и е на осмото место на табелата во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Шарлот 98-94
Торонто – Орландо 97-106
Оклахома – Њујорк 117-107
Њу Орлеанс – Вашингтон 132-120
Хјустон – Бостон 86-109
Далас – Кливленд 122-134
Сакраменто – Мемфис 138-133
Денвер – Сан Антонио 110-113
ЛА Лејкерс – Атланта 119-102


