Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ одигра уште еден историски натпревар во НБА, а за разлика од претходната ноќ кога неговиот тим загуби од Далас, сега го победи Лос Анџелес Лејкерс како гостин со 127-102.
Еден од најдобрите играчи во НБА сега не оствари трипл дабл и ја прекина серијата од пет натпревари со таков ефект, но затоа го одигра вториот најдобар натпревар во кариерата кога станува збор за една друга статистичка категорија. На теренот помина нешто повеќе од 36 минути и за тој период постигна 34 поени, 13 скока и 8 асистенции и имаше +/- од +39 што ретко се гледа на кошаркарските терени. Подобар ефект во оваа категорија имал само против Минесота минатата сезона кога остварил +40.
Лејкерс беа конкурентни во првото полувреме, по 24 минути водеа со 63-57, но во вториот дел на теренот постоеше само една екипа. Денвер постигна 70, а прими само 39 поени и си замина со убедлива победа која многу значи за самодовербата на тимот.
Кај Денвер се истакаа и Портер со 24 поени и 11 скока, Мареј со 14 поени и Вестбрук со 14 поени, 11 асистенции и 7 скока. Јокиќ апсолутно ја доби битката со Ентони Дејвис кој остана на само 14 поени со шут од игра 6/19 и покрај тоа што оствари 10 скока. Остин Ривс беше најефикасен со 19 поени, додаде Леброн постигна 18.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Денвер 102-127
Сан Антонио – Голден Стејт 104-94
Чикаго – Мемфис 131-142
Хјустон – Портланд 98-104
Милвоки – Шарлот 125-119
Орландо – Детроит 111-100
Јута – Њујорк 121-106


