Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман беше исклучен од денешниот пријателски дуел против Макаби поради жестока расправија со судиите.
Актуелниот европски шампион во Никозија се сретна со тимот од Израел, а Макаби славеше со 88-75 и му покажа на ПАО дека не е толку моќен колку што се чини. Развојот на настаните не му се допадна на Атаман кој во еден момент влета во теренот, му се внесе в лице на еден од судиите, а тој без размислување го испрати во соблекувална.
Атаман е познат по својот темперамент, но малкумина очекуваа така да се однесува и на пријателски натпревар кој нема големо значење и е само тест за новата сезона.


