Екипата на Далас Маверикс поведе со 2-1 во серијата против Оклахома откако синоќа на домашен терен славеше со 105-101.
Фантастичниот наторевар го одбележаа големите пресврти бидејќи Далас го диктираше темпото во првото полувреме, а Оклахома имаше +10 (65-55) во третата четвртина. Домаќините одговорија со серија од 16-0 со кој ја презедоа контролата над резултатот и водството го задржаа до крајот. Во драматичниот финиш одговорноста ја презедоа Вашингтон, Дончиќ и Ирвинг кои со неколку реализации му ја донесоа победата на Далас.
Пи Џеј Вашингтон беше најдобар играч на Далас со 27 поени и 6 скока, Дончиќ оствари дабл дабл со 22 поена и 15 скока, а Ирвинг додаде 22 поена. Шеј Гилџес Александер заврши како најефикасен играч на натпреварот со 31 поен на кои додаде 10 скока и 6 асистенции.

Со 2-1 води и Бостон кој славеше на гостувањето кај Кливленд со 106-93 и го врати брејкот кој Кавс го направија на претходниот меч. Тејтум со 33 поени и 13 скока беше најдобар во победничкиот тим, а исто така 33 поени постигна Мичел кај Кливленд.


