Повратникот во тимот на МЗТ Скопје, Андреј Маслинко уште еднаш покажа дека има фантастични предиспозиции и е исклучително атрактивен.
Во второто полувреме од Суперкупот на Македонија против неговиот поранешен тим МЗТ Скопје, репрезентативецот изведе уште едно прекрасно забивање и тоа преку човек.
Војдан Стојановски украде топка, му асистираше на Маслинко, а овој без проблеми заби преку Лука Стојановски.


