Кадетската репрезентација поседува огромен потенцијал за што доказ се воведните победи од турнирот во Гевгелија, против Романија и Швајцарија.
Но, освен победите на овие два дуела, младите македонски кошаркари се погрижија со неколку атракции да ја кренат на нозе публиката во салата „26 Април“.
Во преден план беа Жарко Терзиевски кој имаше две и Дамјан Данев со едно забивање на воведните два дуела од турнирот.


