Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ многу брзо се вклопи во тимот на ЦСКА и ја потврди својата висока класа која ја демонстрира уште на Олимписките игри во Париз.
Пред неколку дена му донесе победа на московскиот тим во пријателски меч, а денеска имаше потег со кој ги воодушеви и навивачите на ЦСКА и останатите љубители на кошарката. На средина од втората четвртина од дуелот против Турк Телеком на турнеја во Анталија, Аврамовиќ погоди тројка од центар и тоа под фаул.
ЦСКА на крајот триумфираше со 79-72 и без пораз ја заврши турнејата во Анталија што беше еден од најсилните тестови пред почетокот на новата сезона.


