Од натпревар во натпревар, се појасно станува дека Денвер Нагетс е апсолутно зависен од Никола Јокиќ и покрај повремените блесоци на другите играчи.
Српскиот ас ноќеска дојде до 139. трипл дабл во кариерата со што го помина Меџик Џонсон и застана на третото место во оваа статистичка категорија, но Денвер загуби од најдобриот тим во лигата, Клувленд со 114-126. Јокиќ го заврши натпреварот во Охајо со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции, а тоа не беше доволен ни за едноцифрен пораз.
Во првото полувреме Денвер некако и му парираше на домашниот тим, но со почетокот на вториот Кливленд направи двоцифрена предност, а клучна беше серијата од 11-0 во финишот на третиот период по која Кавс отидоа на 102-84. Во последната четвртина Денвер го направи последниот обид за пресврт, намали на девет разлика, но Левер и Мичел погодија по една тројка и дефинитивно ставија точка на мечот.
Кливленд имаше дури четворица кошаркари со 20+ поени: Мичел постигна 28, Гарланд 24, Леверт 21 и Мобли 20. Денвер имаше само двајца такви, спомнатиот Јокиќ со 28 и Портер со 24 и тука треба да се бара причина за исходот.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Денвер 126-114
Вашингтон – Далас 101-137
Њујорк – Шарлот 125-101
Торонто – Оклахома 92-129
Њу Орлеанс – Феникс 126-124
Сан Антонио – Чикаго 124-139
Мемфис – Сакраменто 115-110
Голден Стејт – Хјустон 99-93


