Далас Маверикс го доживеа третиот пораз по ред и петти во последните шест натпревари и покрак уште еден фантастичен настап на Лука Дончиќ.
Тимот од Тексас загуби со 120-137, а мечот многу налокуваше на претходните затоа што Лука Дончиќ повторно дојде до трипл-дабл. Словенечкиот ас постигна 39 поени, 11 асистенции и 10 скока за својот 14. трипл-дабл оваа сезона, ама и тоа беше далеку од доволно за прекин на лошата серија на неговиот тим. Одлучи подобрата клупа на Индијана бидејќи резервните играчи на Пејсерс постигнаа 69, наспроти само 33 на кошаркарите на Далас.
Пејсерс дојдоа до победата благодарение на одличната трета четвртина што ја доби со 32-18, па по 36 минути игра имаше +18. Во последниот квартал Далас не успеа да се симне на едноцифрена негатива.
Далас го имаше и вториот најдобар стрелец на мечот – Кајри Ирвинг кој постигна 23 поени, а се истакна и Вашингтон со 20. Толку имаше и најдобриот играч на Индијана, Тарнер. Мавс остануваат на осмата позиција во Источната конференција и засега се безбедни во плејинот. И Индијана е осмопласирана, но на Истокот.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Орландо 89-101
Бруклин – Филаделфија 112-107
Кливленд – Бостон 105-104
Мајами – Детроит 118-110
Њујорк – Атланта 100-116
Торонто – Њу Орлеанс 98-139
Хјустон – Сан Антонио 114-101
Далас – Индијана 120-137
Денвер – Феникс 107-117


