Покрај најавениот Ерон Гордон, ни најдобриот играч во НБА од минатата сезона Никола Јокиќ поради болест не настапи минатата ноќ, па неговиот Денвер беше лесен плен за актуелниот шампион Бостон.
Селтикс како гости славеа со 118-106 и покрај тоа што домашниот тим се одржуваше во игра до крајот на првото полувреме. На голем одмор се замина со 57-57, но во вториот дел Денвер тотално падна во играта и на крајот Бостон оствари и двоцифрена разлика.
На местото на Јокиќ играше хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ, но тој не успеа да пополни ни дел од големата дупка затоа што не постигна ниеден поен за 16 минути игра и заврши со четири асистенции и еден скок. Најефикасен кај Денвер беше Вестбрук со 26 поени, додека Тејтум го предводеше гостинскиот тим со 29 поени.
Пред Денвер е уште еден тежок натпревар, вечерва против Лос Анџелес Клиперс на домашен терен, а настапот на Јокиќ повторно е неизвесен.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Феникс 115-104
Вашингтон – Хјустон 112-135
Далас – ЛА Лејкерс 118-97
Њу Орлеанс – Минесота 97-104
Јута – Атланта 121-124
Денвер – Бостон 106-118
Голден Стејт – Мајами 97-114


