Њујорк Никс триумфираше во првиот натпревар од божиќната програма во НБА лигата откако на домашен терен го совлада Сан Антонио со 117-114.
Натпреварот беше мошне возбудлив, особено во последната четвртина во која дојде до голем пресврт. Спарс водеа со 102-94 кога се разиграа Микал Бриџис и Џо Харт и Њујорк го сврте резултатот во своја корист. По серијата од 6-0 тоа беше веќе висока предност за домашниот тим на што Сан Антонио немаше одговор.
Мечот го одбележаа Виктор Вембанјама на едната и Бриџис на другата страна кои отидоа над 40 поени. За француската суперѕвезда во редовите на Спарс ова беше прв настап во божиќната програма од НБА и заврши со 42 поена и 18 скока, но сепак тоа излезе недоволно за победа на неговиот тим. Со својот ефект застана на третото место по бројот на поени во својот дебитантски натпревар за Божиќ, зад Вилт Чембрлен кој во 1959 година постигна 45 поени и Трејди Мекгрејди кој во 2000 броеше до 43.
На спротивната страна се истакна Бриџис кој реализира 41, но имаше помош од Карл Ентони Таунс кој заврши со 21 поен и 9 скока.


