Капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ беше најефикасен во својот тим на дуелот против САД, но неговите 20 поени не беа доволни за пласман во финалето.
Благодарение на фантастичниот финиш, Американците дојдоа до триумфот, а тоа го расплака кошаркарот на Атланта Хоукс кој беше блиску до уште едно олимписко финале, по она во 2016 година.
Затоа по натпреварот Богдановиќ не можеше да ги запре емоциите, па се покри со дресот преку лицето за да не се видат неговите солзи.


