По катастрофалниот старт, Милвоки Бакс заличи на екипа која е кандидат дури и за шампионската титула во НБА лигата.
Во моментов, Милвоки е во серија од шест победи и првпат оваа сезона има позитивен биланс (10/9). Ноќеска го совлада Вашингтон со 124-114 и тоа на крилјата на Јанис Адетокунбо кој оствари брутален трипл дабл.
Грчкиот репрезентативец постигна 42 поена, 12 скока и 11 асистенции што е негов прв трипл дабл во кариерата со над 40 постигнати поени. Со тоа ја потврди одличната форма која е и главна причина за добрите резултати на Бакс во последно време.
Покрај него, се истакна Лилард со 25 поени и 10 асистенции, како и Брук Лопез со 18 поени. На спротивната страна, Џордан Пул реализира 31 поен, а Брогдон додаде 29 поени и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Атланта 104-107
Детроит – Филаделфија 96-111
Милвоки – Вашингтон 124-114
Феникс – Голден Стејт 113-105
Јута – Далас 96-104


