Вардар и идната сезона ќе игра во Првата македонска кошаркарска лига откако на коло пред крајот на плејаутот го обезбеди опстанокот во елитната конкуренција.
Судбината сакаше повторно да се слави во салата „Независна Македонија“, во скопската населба Кисела Вода каде што лани Вардар ја оствари клучната победа за пласман во Првата лига, тогаш против Ангели.
По мечот против Академија ФМП, кошаркарите, стручниот штаб и управата на Вардар бурно ја прославија победата. Се покажа дека последните потези, со засилувањата пред крајот на преодниот рок биле правилни и тие доведоа до опстанок во елитата.


