Леброн Џејмс беше прогласен за МВП на кошаркарскиот турнир во Париз, но немаше да биде незаслужено ако признанието заминеше кај Среф Кари.
Суперѕвездата на Голден Стејт постигна вкупно 60 поени во полуфиналето и финалето и притоа реализира 17 тројки. Синоќа го собори рекордот на погодени тројки во едно финале (8) и сите 24 поени ги постигна со удари од дистанца.
Сепак, врв беше она што се случуваше во последните три минути. Откако Французите се доближија на 79-82, Кари погоди четири тројки и практично сам го скрши отпорот на домаќинот за петта титула по ред и вкупно 17. на САД на Олимписките игри.


