Навивачите и целиот тим на Пелистер беа во еуфорија по пласманот во финалето од Купот на Македонија, прв по пауза од 15 година.
Кошаркарите на битолскиот тим, успехот го поделија со своите фанови од кои добија јасна порака дека сакаат титула во ова натпреварување, а тоа е можно само со победа вечерва против МЗТ Скопје.
Пелистер на своја страна ќе ја има домашната публика која се очекува да ја исполни салата „Боро Чурлевски“ и да ги понесе своите кошаркари.


