Никола Јокиќ постигна рекордни во својата кариера 56 поени, но неговиот Денвер Нагетс доживеа тешка бламажа на гостувањето кај најлошиот тим во лигата оваа сезона.
Вашингтон го совлада шампионот од 2023 година со 122-113 за да ја прекине серијата од 16 порази и да слави првпат по 38 дена. Тоа е само трета победа за тимот од главниот град на САД кој останува убедливо најлош тим во лигата со биланс 3/18. Поради катастрофалните резултати на Визардс претходниот месец, тренерот на Денвер, Мајк Мелоун го потцени ривалот, па на ноќешниот натпревар не играа Мареј, Гордон и Шариќ поради што Јокиќ беше практично оставен сам.
Србинот постигна безмалку половина од поените на својот тим, а додаде уште 16 скока и 8 асистенции, но ни тоа не беше доволно за триумф на Денвер. Личниот рекорд на Јокиќ е трет најдобар ефект на еден играч оваа сезона во НБА, по Диерон Фокс кој постигна 60 и Јанис Адетокунбо 59 поени, но мора да се знае дека тие двајца играат продолженија за да стигнат до нивните бројки.
Вашингтон и покрај се имше солидни поединци бидејќи Џордан Пул постигна 39 поени, Шампени додаде 23, а Валанчиунас уште 20 поени и 12 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Кливленд 102-116
Оклахома – Њу Орлеанс 109-119
Детроит – Њујорк 111-120
Далас – Торонто 125-118
Мемфис – Бостон 121-127
Мајами – Феникс 121-111.
Вашингтон – Денвер 122-113


