Мајами Хит сакаше да му укаже најголема почит на својот поранешен кошаркар Двејн Вејд, но место тоа, излезе најголемата бламажа во САД и НБА.
Вејд доби статуа пред арената на франшизата од Флорида, но не беше многу задоволен од изведбата. На неа, тој е прикажан во поза „Ова е мој дом“, карактеристична за него додека играше во Мајами. Вејд истакна дека бил вклучен во изработката на статуата, но кога ја виде на отворањето, беше тотално разочаран од изведбата.
„Ау, ова е лудило. Не можам да верувам. Кој е овој лик?“, рече Вејд.
Тој беше член на Мајами од 2003 до 2016 година и потоа во последната сезона (2018/19) од својата кариера. Освои три шампионски титули и е убедливо најдобар стрелец (21.556 поени), асистент (5.009 асистенции) и „крадец“ (1.433 украдени топки) во историјата на клубот.


