Второто коло од АБА 2 лигата го одбележеа еден несекојдневен момент, од мечот меѓу Златибор и Борац Бања Лука.
Славеше босанскиот претставник со 93-90, но во еден период во првата четвртина, домаќините играа со шест кошаркари во поле. Златибор имаше напад со играч плус, но никој од официјалните лица не го забележа тоа. Дури кога се повлекоа во одбрана, вишокот кошаркар сфати дека не треба да биде на теренот и мирно замина кон клупата, повторно незабележан од судиите или делегатот.
Интересно е што повредата на правилата не ја забележаа ни од противничкиот табор и немаше реакција од клупата.


