Екипата на Денвер Нагетс славеше релативно лесно и убедливо на гостувањето кај Голден Стејт и покрај тоа што настапи без првите ѕвезди во тимот Никола Јокиќ и Џамал Мареј.
Двајцата влечат повреди, Србинот на лактот, а канадскиот репрезентативец на скочниот зглоб и тоа беше причината што не се најдоа во составот. Нивното отсуство, сепак, не се почувствува бидејќи Денвер постојано водеше и на крајот победи со 114-105, прекинувајќи му ја на Голден Стејт серијата од седум победи. Своето единствено водство на мечот, Вориорс го имаа во финишот од првата четвртина кога по серијата од 7-0 поведоа со 22-21.
Фантастичен натпревар одигра Ерон Гордон кој постигна 38 поени, како и Расел Вестбрук кој оствари трипл дабл со 12 поени, 12 скока и 16 асистенции.
Џери Батлер го предводеше домашниот тим со 23 поени, Кари додаде 20, а Пејтон 18. И покрај поразот, Голден Стејт остана на шестата позиција на табелата во Западната конференција со биланс 39/29 и два натпревара помалку од седмопласираната Минесота.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Мајами 116-95
Хјустон – Филаделфија 144-137
Минесота – Индијана 130-132
Њу Орлеанс – Детроит 81-127
Јута – Чикаго 97-111
Голден Стејт – Денвер 105-114
Феникс – Торонто 129-89
Портланд – Вашингтон 112-97
Сакраменто – Мемфис 132-122
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 125-109


