Денвер Нагетс ја оствари четвртата победа во последните пет натпревари откако утринава славешена гостувањето кај Њу Орлеанс со 132-129 по продолжение.
На шампионот од 2023 година му требаше дополнителен напор за да стигне до триумф бидејќи во третата четвртина имаше негатива и од 17 поени разлика. Вториот најлош тим во Западната конференција повеќе од три квартали го диктираше темпото и покрај тоа што во тимот не беа двајцата најдобри играчи Брендон Инграм и Зајон Вилијамсон кои се повредени.
Денвер заигра во последната четвртина во која почна да ја намалува негативата за на околу четири минути пред крајот и да премине во водство. Пеликанс ни тогаш не се откажаа, се држеа резултатски и на 30 секунди пред крајот повторно поведоа, сега со 119-117. Малку недостасуваше тоа да се покаже доволно за победа, во последниот напад Мекалум го „залепи“ Јокиќ при шут за два поена, но топката се одби до Мареј кој беше прецизен од полудистанца и го израмни резултатот. Во последните осум секунди Њу Орлеанс не успеа да постигне кош и покрај тоа што Мекалум имаше шут за тројка.
Во дополнителните пет минути одговорноста ја презеде Јокиќ кој постигна осум од 13. поени на Денвер и тимот од Колорадо сепак стигна до победата.
Србинот го заврши натпреварот со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции и тоа е негов 11. трипл дабл оваа сезона и вкупно 141. во кариерата. Мареј исто така застана на 27 поени. а Вестбрук застана на 21. Хоукинс со 25 поени го предводеше Њу Орлеанс, а Дехунте Мареј беше блиску до трипл дабл, постигнувајќи 17 поени, 15 асистенции и 8 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто – Индијана 95-122
Торонто – Хјустон 110-114
Њу Орлеанс – Денвер 129-132


