Вторпат во последните пет дена, екипата на Сакраменто го совлада актуелниот шампион Денвер, овојпат како гостин.
Минатата недела Кингс славеа пред своите навивачи со 135-106, а ноќеска во Колорадо триумфираа со 102-98. Ова е трет пораз по ред за Денвер со кој е уште подалеку од првата позиција на табелата во Западната конференција.
Ова беше и дуел на двајцата кошаркари со најмногу трипл дабл натпревари оваа сезона – Домантас Сабонис и Никола Јокиќ. Поуспешен беше Литванецот кој за разлика од претходниот меч не оствари трипл дабл, но мечот го заврши со 20 поени, 13 скока и 7 асистенции. Јокиќ затаи и за 39 минути во игра дојде до 15 поени, 8 асистенции и 5 скока со лош шут од игра (6/17). За Денвер не играа Џамал Мареј и Колдвел Поуп кои се повредија на претходниот натпревар.
Најефикасен на мечот беше Диерон Фокс со 30 поени на кои додаде 8 скока и 8 асистенции. Ерон Гордон го предводеше Денвер со 25 поени и 15 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Голден Стејт – ЛА Клиперс 125-130
Денвер – Сакраменто 98-102
Феникс – Детроит 116-100
Јута – ЛА Лејкерс 122-138
Далас – Сан Антонио 116-93
Мемфис – Хјустон 121-113
Њу Орлеанс – Вашингтон 133-126
Бостон – Бруклин 136-86
Кливленд – Чикаго 108-105
Торонто – Индијана 125-127
Шарлот – Атланта 122-99
Орландо – Њујорк 118-100
Филаделфија – Мајами 104-109


