Актуелниот шампион во НБА, Денвер Нагетс ја оствари петтата победа во низа и 11. на последните 12 натпревари откако синоќа славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 117-106.
Со тоа остана на челната позиција во Западната конференција за која веројатно до крајот на основниот дел од сезоната ќе води жестока битка со Оклахома и Минесота. Сан Антонио не беше тежок ривал, но сепак е загревање за пеколната недела во кој на Нагетс им следуваат гостувања кај Далас и Минесота.
До триумфот во Тексас, Денвер стигна пред се благодарение на одличната прва четвртина која ја доби со 37-18. Домаќините подоцна се доближија на четири поени негатива, но во клучните моменти шампионот додаде гас и без поголеми проблеми дојде до победата.
Никола Јокиќ повторно беше најефикасен во победничкиот тим со 31 поен, а далеку зад него остана Мареј со 15 поени и 10 скока. Сочан го предводеше домашниот тим со 19 поени, додека Васел и Вембанјама постигнаа по 17.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Феникс 96-107
Детроит – Мајами 95-108
Торонто – Орландо 103-113
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 112-104
Сан Антонио – Денвер 106-117
Јута – Атланта 124-122


