Експедицијата на Кошаркарскиот клуб Кемниц денеска пристигна во градот и доживеа прекрасен пречек од навивачите, откако во средата тимот ја освои титулата во ФИБА Европа купот што е прв трофеј во историјата на клубот.
Пред градското собрание се собраа неколку десетици илјади граѓани на Кемниц кои ги поздравија играчите и стручниот штаб и им честитаа на големиот успех. Меѓу нив и Македонецот, Ѓорѓи Кочов кој трета сезона е дел од стручниот штаб на екипата.
Вторпат откако е таму, Кочов имаше можност да се запише во Златната книга на градот што и не е изненадување ако се знае дека учествуваше во остварувањето на најголемите успеси во историјата на клубот.