Феникс направи изненадување, победувајќи го шампионот МЗТ Скопје, но синоќешниот триумф многу наликуваше на оној од 9 декември 2021 година кога тимот од Гази Баба прв и до вчера единствен пат го совлада овој ривал.
Пред нешто повеќе од две години, Феникс славеше со 90-83 по продолжение, а клучната тројка во финишот ја постигна капитенот Андреј Митревски, тогаш како едвај 18-годишно момче.
Вчера се повтори истото. МЗТ Скопје тукушто ја достигна негативата и се закануваше да направи пресврт откако долго време беше во висока негатива, а на сцена повторно стапи Митревски. Сега погоди тројка од спротивната страна за водство на Феникс од 70-65 кое се покажа недостижно за актуелниот шампион.


