Лука Дончиќ имаше силен наплив на емоции на натпреварот против Сакраменто Кингс, предизвикан од присуството на легендарниот српски кошаркар Владе Дивац.
Во финишот од натпреварот, кој Далас го доби со 107-103 и ја продолжи победничката серија, Дончиќ погоди неколку клучни слободни фрлања, а потоа се сврте кон Дивац, го впери прстот кон него и упати неколку провокации. Кога стигна до клупата продолжи со гестикулациите, а можеше да се слушне како зборува дека Дивац требало да го драфтува.
И шест години подоцна, тој не му заборавил на Србинот за тоа што не го избра како втор пик на драфтот во 2018. Дивац тогаш беше генерален менаџер на Сакраменто Кингс, се одлучи за помалку познатиот Марвин Бегли, но интересни беа неговите изјави при драфтот – дека станува збор за подобар кошаркар од Дончиќ и дека неговиот избор воопшто не бил тежок.
Кога сега ќе се споредат кариерите на Дончиќ и Бегли, разликата е огромна, а Американецот повеќе не ни игра во Сакраменто, туку во Вашингтон каде дојде на почетокот од оваа година од Детроит. Дивац немаше реакција на провокацијата на Дончиќ и остана мирен на своето место. Словенецот го заврши натпреварот со 26 поени, 12 асистенции и 9 скока.


