Далас Маверикс ја искористи првата меч-топка и триумфираше во шестиот натпревар од серијата против Лос Анџелес Клиперс.
На домашен терен, тимот од Тексас славеше со 114-101 за вкупни 4-2 и пласман во конференциското полуфинале каде ќе се сретне со Оклахома. Одлучи третата четвртина која Далас ја доби со 35-20 и по 36 минути игра водеше со 87-72 за во последниот квартал разликата да се искачи и до +24.
Блескаше тандемот Ирвинг-Дончиќ кој заедно постигна 58 поени, повеќе од половината на целиот тим. Ирвинг реализира 30 со 6 скока и 4 асистенции, додека Дончиќ оствари дабл дабл со 28 поени, 13 асистенции и 7 скока. Пауел со 20 поени ги предводеше Клиперс, Џорџ, Зубац и Харден остварија дабл дабл, но ништо од тоа не беше доволно за победа на гостинскиот тим кој ја завршува сезоната во првата рунда од плејофот.

Досега се познати седум од осум учесници во втората рунда од разигрувањето. Последниот ќе се знае по „мајсторката“ меѓу Орландо и Кливленд откако тимот од Флорида ноќеска славеше со 103-96 и израмни на 3-3. Интересно е тоа што во оваа серија ниедна екипа не успеа да направи брејк во досегашните шест меча.


