Екипата на Далас Маверикс поведе со 3-0 во финалето на Западната конференција и се наоѓа на само еден триумф од пласман во големото финале од НБА лигата.
Во третиот меч од серијата со Минесота, прв на домашен терен, шампионот од 2011 година славеше со 116-107, па за два дена ќе има можност експресно да ја помине опваа пречка и да дојде до своето прво големо финале по 13 години. Прашањето околу победникот беше решен во последните три минути откако претходно Минесота се закани дека може да направи изненадување и да намали на 1-2.
Далас водеше речиси три четвртини, највисоката предноста изнесуваше 12 разлика, но Минесота го сврте резултатот во третиот период, а во последниот период, четири минути се наоѓаше во водство. Решавачка беше серијата од 9-0 на Далас по што веќе немаше дилеми околу победникот на третиот натпревар.
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг блескаа, двајцата постигнаа по 33 поени, со тоа што Ирвинг реализира дури 14 во последната четвртина, кога се одлучуваше победникот. Ентони Едвардс со 26 поени ја предводеше Минесота која во конференциското полуфинале направи изненадување елиминирајќи го Денвер, но во серијата со Далас нема среќа и трите натпревари ги загуби со вкупна разлика од 13 поени.


