Лука Дончиќ беше стартер на Лејкерс на своето деби како член на тимот од Лос Анџелес, против Јута Џез и брзо ја освои публиката.
Ова беше негов прв меч по пауза од 47 дена и иако не беше на своето ниво, имаше неколку спектакуларни потези со кои најави блескави денови во Калифорнија. На истекот на првата минута ја имаше првата асистенција и тоа „цепелин“ кон Хејс, а својот прв кош како играч на Лејкерс го постигна во четвртата минута со тројка.
Luka Dončić's first game as a Laker is in the books!
— NBA (@NBA) February 11, 2025
14 PTS | 5 REB | 4 AST | 6th straight Lakers W
Just getting started on his new era in Los Angeles 🌴 pic.twitter.com/hsW0Nxao4F
Крајната статистика не е ѕвездена, Словенецот заврши со 14 поени, 5 скока и 4 асистенции, но на теренот помина само 23 минути. Пред него беа неколку играчи, Ривс постигна 21, Хачимура 22, а Леброн Џејмс 24 поени. Сепак, најважно е тоа што Лејкерс победија против Јута со 132-113 за шести триумф во низа со кој се зацврстија на четвртата позиција на табелата во Западната конференција.


