Лука Дончиќ е апсолутно најдобар играч во НБА во моментов и тоа го докажува со секој нов натпревар.
Синоќа Далас го победи Детроит со 142-124, а словенечкиот ас оствари трипл дабл со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции. Со тоа собори два рекорда во еден меч. Прво, стана прв играч во историјата кој на шест натпревари во низа остварил трипл дабл со над 30 постигнати поени, а освен тоа, беше петти меч по ред со трипл дабл со 35 или повеќе поени. Покрај сето ова, Дончиќ на последните 15 натпревари има просек од 37 поени, 11 асистенции и 10 скока што не му успеало на ниеден играч во историјата.
Најважно за Далас е тоа што почна да победува по серијата порази и се уште е во игра за директен пласман во плејофот. По триумфот против Детроит, има ист број победи како шестопласираниот Сакраменто, но со два натпревара повеќе.
Кај Пистонс се истакна Канингем со 33 поени, 10 асистенции и 9 скока, но овој тим остана на претпоследната позиција на табелата во Источната конференција без никакви шанси да дојде до плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Бруклин 110-99
Детроит – Далас 124-142
Голден Стејт – Сан Антонио 113-126
Феникс – Бостон 107-117
Денвер – Јута 142-121
Портланд – Торонто 128-118
ЛА Клиперс – Чикаго 112-102


