За да им биде поинтересно пред синоќешниот меѓусебен натпревар, ѕвездите на Голден Стејт, Стеф Кари и на Далас, Лука Дончиќ си направија меѓусебен предизвик во кој уживаа малкумина присутни на трибините во тој момент.
Двајцата се натпреваруваа во погодени тројки од центарот на теренот. Прв погоди Кари, но по снимката беше утврдено дека малку ја згазнал линијата и неговиот обид не беше признат.
Steph & Luka had a halfcourt shooting contest before the game 😆 pic.twitter.com/mmHSlEUvsB
— NBA (@NBA) April 3, 2024
Дончиќ немаше таков проблем и погоди „без коски“, но кога тој шутираше, Кари го немаше никаде во околината.


