Далас Маверикс ја оствари четвртата победа во сезоната откако на домашен терен го совлада Орландо Меџик со 108-85.
Тимот од Флорида допатува некомплетен во Тексас, без својот најдобар играч Паоло Банкеро кој долго време ќе отсуствува од терените, па уште пред мечот беше јасно дека нема да има сили за посериозен отпор. Затоа, резултатската неизвесност траеше само во првата четвртина која му припадна на Далас со 29-22 по што Орландо целосно се предаде.
Со серија од 10-4, потоа и 13-2, домашниот тим се одлепи од противникот и во еден момент поведе и со 29 поени разлика (60-31). До крајот на мечот предноста одеше и над 30 поени, за во самиот финиш Орландо да се доближи на пристојна разлика.
😱 Luka Doncic ha fet bàsicament el que ha volgut amb la defensa dels Orlando Magic…pic.twitter.com/VJm1AVNBWw
— Doble Tècnica (@DobleTecnica) November 4, 2024
Блескаше Лука Дончиќ кој постигна 32 поена, 9 скока и 7 асистенции и беше убедливо најдобар играч на мечот и сето тоа за помалку од 32 минути во игра. Дури 25 од овие 32 поена постигна во првото полувреме, па поголемиот дел од второто го преседе на клупа. Следниот зад него реализира 18 поени, а најефикасен кај Орландо беше Франц Вагнер со 13. За Меџик ова е трет пораз во низа, но може да се очекува лошите резултати да продолжат со оглед на проблемите во тимот.
РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Детроит 92-106
Њу Орлеанс – Атланта 111-126
Далас – Орландо 108-85


