Вторпат во серијата, Далас Маверикс успеа да го победи Лос Анџелес Клиперс како гостин со 123-93 и поведе со 3-2 со што се најде на само еден триумф од следната рунда во плејофот.
Играч на мечот повторно беше Лука Дончиќ кој излезе и го поведе тимот и покрај тоа што играше болен и со повреда на коленото, но не дозволи тоа да му го уништи расположението. За 39 минути во игра постигна 35 поени со 10 асистенции и 7 скока и собори еден рекорд на Мајкл Џордан.
За Словенецот ова беше 16. гостување по ред на кој постигнал 20 или повеќе поени, а рекордот на Џордан изнесуваше 15. Освен тоа, ова му беше 20. плејоф натпревар со брем 30 поени, а на 25-годишна возраст, тоа им успеало само на Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Коби Брајант и Џејсон Тејтум.

Четвртиот натпревар не понуди никаква неизвесност. Далас уште на полувреме водеше со 10 разлика, по три четвртини имаше +20, а потоа го „дотепа“ грогираниот противник кому ништо не му одеше од рака. За тоа најдобро зборува податокот што најефикасен во тимот беше Пол Џорџ со само 15 постигнати поени.
Покрај дуелот во Лос Анџелес, синоќа играа само уште Бостон и Мајами, победија Селтикс со 118-84 и со 4-1 обезбедија пласман во следната фаза како прв полуфиналист во Источната конференција.


