Најдобриот забивач на сите времиња и еден од најдолговечните НБА кошаркари Винс Картер стана 15. играч во историјата на кого две франшизи му повлекле бројот.
Два месеца по свеченоста во Торонто каде ја почна професионалната кариера, бројот 15 е кренат и под сводовите на арената на Бруклин Нетс. Картер играше во овој тим од 2004 до 2009 година кога Нетс се уште беа во Њу Џерси и го носеа тоа име.
1⃣5⃣ x @mrvincecarter15 x @BrooklynNets
— NBA (@NBA) January 26, 2025
Immortalized in the rafters. https://t.co/EIqYIMjwMZ pic.twitter.com/2IHuCF1ZHC
Еден од најмаркантните играчи во историјата на НБА имаше кариера долга 22 години, проткаена низ четири декари, од 1998 година кога беше избран на драфтот како петти пик од Торонто Репторс, до 2020 година кога заврши во Атланта Хоукс. Постигна вкупно 25.278 поени со што е на 22. место на вечната листа на стрелци, а во 2023 година беше примен во Куќата на славните. Осум пати е избран за Ол стар, еднаш во втората и еднаш во третата петорка на лигата, а во 1999 година беше прогласен и за дебитант на годината. Во 2000 година победи на натпреварувањето во забивање на Ол стар викенд со изведба која се уште се смета за најдобра во историјата.
Картер е седми кошаркар на кого Нетс му го повлекоа бројот од употреба. Меѓу нив е и бројот 3 на Дражен Петровиќ кој го носеше дресот на овој тим од 1991 до трагичната смрт во 1993 година.


