Откако пред три недели му даде 35 поени, Кевин Дурант ноќеска повторно беше кобен за шампионот Денвер Нагетс.
На домашен терен, тимот од Колорадо загуби со 97-104 што е втор пораз од овој тим во текот на март. Тоа е и добра опомена за Денвер пред почетокот на плејофот бидејќи не е исклучено овие две екипи да се сретнат во плејофот и тоа во раната фаза.
Дурант овојпат заврши со 30 поени и беше најефикасен играч на теренот, покажувајќи дека и на 35 години уште не е за старо железо и дека има што да даде во тимот на Феникс. Гостите беа во предност речиси цел натпревар, Денвер прејде во водство само еднаш во првата четвртина, па и немаше голема неизвесност околу победникот. Се беше решено кон средината на последниот квартал кога Феникс отиде и на +15 по што Денвер немаше ни шанса да направи пресврт.
Покрај 30. поени, Дурант додаде и 13 скока и 3 асистенции за да го потврди епитетот прво име на мечот. Далеку зад него остана Букер со 17 поени и 9 асистенции, а во домашниот тим, Никола Јокиќ остана на еден скок од трипл дабл: 22 поена, 10 асистенции, 9 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Кливленд 118-111
Орландо – Голден Стејт 93-111
Вашингтон – Бруклин 119-122
Атланта – Портланд 120-106
Филаделфија – ЛА Клиперс 107-108
Торонто – Њујорк 101-145
Чикаго – Индијана 125-99
Мемфис – ЛА Лејкерс 124-136
Минесота – Детроит 106-91
Оклахома – Хјустон 126-132
Јута – Сан Антонио 111-118
Денвер – Феникс 97-104


