Гестикулацијата која ја „измисли“ Леброн Џејмс на Олимписките игри во Париз кога го провоцираше Богдан Богдановиќ очигледно станува мода во НБА лигата кога сака да се навреди некој противнички играч.
И Дурант беше дел од американската репрезентација и ги прифатил манирите од својот соиграч. При еден дуел со Лука Дончиќ на вчерашниот натпревар против Далас, на околу четири минути пред крајот, Дурант гестикулираше со прстите кон Словенецот и викаше по него: Многу си мал.
На крајот тој ја доби битката бидејќи Феникс славеше со 114-102. Сепак, Дончиќ беше далеку од мал затоа што заврши како убедливо најефикасен играч на мечот со 33 постигнати поени.


