Мега-трејдот во кој беа вклучени Лука Дончиќ и Ентони Дејвис се случи доцна во ноќта по средноевропско време, но во период кога се играат натпревари во САД, односно НБА лигата.
Поради тоа голем број од кошаркарите дознаа за него додека се наоѓаа на или покрај кошаркарските терени, а интересна беше нивната реакција. Феникс гостуваше кај Портланд и доживеа убедлив пораз (108-127), но најинтересна од овој меч е реакцијата на Кевин Дурант кој неколку погледна во телефонот за да се увери дека е точно дека Дончиќ заминува во Лејкерс.
KD and Beal’s reaction to the Luka trade 😭 pic.twitter.com/ALqUGLvIBI
— A ✩ (@adryanashton) February 2, 2025
Шокирани беа и неговите соиграчи кои, како најверојатно и остатокот на светот, мислеа дека Дончиќ ќе остане во Далас до крајот на кариерата.


