Можеби натпреварот меѓу Литванија и Македонија во Клаипеда ќе имаше поинаков финиш ако на шест минути пред крајот не дојдеше до повреда на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ.
При постигнувањето на 43. поен, играчот на Олимпија Милано остана да лежи на паркетот, но во исто време и да вика од силна болка. Мораше да му биде укажана лекарска помош по што Димитријевиќ го напушти теренот и повеќе не се врати во игра, а без него Македонија прими 19 поени за шест минути и на крајот доживеа убедлив пораз.
За среќа, не се работи за сериозна повреда бидејќи на прес-конференцијата по натпреварот, Димитријевиќ рече дека добил силен грч и дека за 2-3 дена ќе биде во состојба повторно да тренира и да игра.


