Неколку извонредни индивидуални изданија се забележани во синоќешната програма од НБА лигата.
Пред сите беше кошаркарот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон кој во дуелот против Вашингтон постигна 55 поени. Тоа е четврти најдобар индивидуален ефект оваа сезона по Диерон Фокс (60), Јанис Адетокунбо (59) и Никола Јокиќ (56 поени). Никс славеа со 136-132 по продолжение за седма победа во низа и зголемување на притисокот врз второпласираниот Бостон Селтикс.
Далас без Лука Дончиќ загуби на гостувањето кај Портланд со 122-126 и покрај фантастичната игра на Кајри Ирвинг кој беше убедливо најефикасен на натпреварот со 46 поени. И покрај поразот, Далас останува на четвртото место на Западот, додека Портланд е една од најлошите екипи во лигата.
Ден по дебаклот од Кливленд, Денвер убедливо го совлада Детроит со 134-121, на крилјата на Никола Јокиќ. Србинот сега не оствари трипл дабл, но имаше моќно офанзивно издание со 37 постигнати поени на кои додаде 9 скока и 8 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Мајами 120-110
Шарлот – Оклахома 94-106
Вашингтон – Њујорк 132-136
Чикаго – Милвоки 116-111
Голден Стејт – Феникс 109-105
Денвер – Детроит 134-121
Јута – Филаделфија 111-114
Портланд – Далас 126-122
ЛА Лејкерс – Сакраменто 132-122


