Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ја одбележа ноќешната програма во НБА лигата.
Неговиот тим славеше на гостувањето кај Голден Стејт со 143-133, а Дончиќ стигна до третиот трипл дабл во сезоната, но убедливо најдобар досега. Постигна 45 поени што е негов личен рекорд во сезоната, со 13 асистенции и 11 скока, погоди 16 од 23 од игра, а погоди и шест тројки.
За словенечкиот ас ова е деветти натпревар во НБА на кој доаѓа до трипл дабл со 40 или повеќе постигнати поени. Повеќе од него имаат само Расел Вестбрук (13), Џејмс Харден (16) и Оскар Робертсон (22). Она што е најважно, Далас се искачи на третата позиција на табелата во Западната конференција, со можност да оди и погоре бидејќи има меч помалку од Мемфис.
Покрај Дончиќ, се истакна и Клеј Томпсон кој против својот поранешен тим постигна 29 поени, додека Ирвинг застана на 21. Ентони Вигинс постигна 29 поени за Голден Стејт, а Кари оствари дабл дабл со 26 поени и 10 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Мемфис 116-110
Голден Стејт – Далас 133-143
Феникс – Портланд 116-109
Сан Антонио – Минесота 92-106
Орландо – Њујорк 91-100
Вашингтон – Бостон 98-112
Индијана – Њу Орлеанс 119-104


