Кошаркарот на Феникс, Стефан Стојковиќ е познат по својот голем одраз и години наназад воодушевува со атрактивните забивања и покрај тоа што има само 18 години.
Со еден таков потег вчера ја воодушеви публиката на натпреварот против Чешка. При еден контранапад, Стојковиќ се залета и заби покрај човек, предизвикувајќи еуфорија кај публиката која во Македонија ретко има можност да види вакво нешто.
Атрактивното забивање на Стојковиќ имаше двојно значење. Освен тоа што е еден од најубавите потези на Европското првенство во Скопје, тоа дојде во последната четвртина и во период кога Чесите се заканија дека ќе направат пресврт и успеаја да го израмнат резултатот. Забивањето на Стојковиќ иницираше серија од 10-0 по која беа решени сите дилеми околу победникот, а Македонија дојде до важен триумф.


