Вторпат за два дена, Денвер го победи Далас како гостин со 118-99, но во меч кој имаше тотално различно сценарио од првиот.
Во неделата домаќините доминираа безмалку цел меч, за во последната четвртина Нагетс да направат голем пресврт и да дојдат до триумф, додека утринава Денвер од почетокот ја презеде контролата над играта и резултатот и немаше никакви проблеми. Првото полувреме го доби со 71-45, па вторите 24 минути останаа само формалност во која гостинскиот тим требаше рутински да го приведе мечот кон крајот.
Интересен беше ефектот на најдобрите играчи на Денвер, Џамал Мареј и Никола Јокиќ. Канаѓанецот го одигра својот најдобар натпревар сезонава, постигнувајќи 45 поени и ги остави далеку зад себе останатите играчи бидејќи втор стрелец во тимот беше Портер со 13. Јокиќ и во „втора“ брзина дојде до минимален трипл дабл од 10 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Кај Далас се врати Кајри Ирвинг кој постигна 11 поени, но не успеа да му помогне на тимот да го избегне 18. пораз во сезоната.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Кливленд 117-127
Филаделфија – Оклахома 102-118
Атланта – Феникс 122-117
Чикаго – Њу Орлеанс 113-119
Милвоки – Сакраменто 130-115
Далас – Денвер 99-118
Портланд – Бруклин 114-132


