Тешката повреда на Матијас Лесор е главна вест во европската кошарка, а уште не стивнуваат реакциите по она што се случуваше во ОАКА.
Неколку минути по повредата, на трибините се онесвестија навивачи на Панатинаикос, играчите се држеа за глава од неверување по она што се случува, а јасно е дека иако е мал, сето тоа тешко му падна и на синот на Лесор. Малиот Матсон не беше многу фокусиран на играта и камерите неколку пати го фатија како гледа во својот таблет, но очигледно сфати што се случува со татко му.
Juancho Hernangomez comforting Lessort junior 🫂pic.twitter.com/tiotEsOhPa
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 19, 2024
Веднаш по излегувањето од теренот на Матијас Лесор, Матсон легна на подот и почна да плаче. Мораше да интервенира Хуанчо Ернангомес за да го смири, а потоа, според фотографиите, заминал со татко му в болница за да му даде поддршка.


