Турскиот шампион Фенербахче со победа во големото дерби ја почна новата сезона во Евролигата откако вечерва на домашен терен го победи фаворитот за титулата Олимпијакос со 82-71.
Во клучните моменти потфрлија најголемите ѕвезди на Олимпијакос, Везенков остана на 11, а Фурние на само пет поени и тука треба да се бараат причините за поразот. Олимпијакос беше конкурентен до средината на последната четвртина кога резултатот беше 65-65, но Фенербахче имаше фантастичен финиш за победа која ќе значи многу во натамошниот дел од сезоната. Болдвин го предводеше турскиот тим со 19 поени на кои додаде 7 асистенции и 5 скока.
Tension at the end of Fenerbahçe Beko Istanbul – Olympiacos Piraeus between Coach Jasikevicius and Coach Bartzokas.#EuroLeague #Fenerbahçe #Fenerbahce #Ολυμπιακός #Μπαρτζώκας pic.twitter.com/fMXyL3yPF4
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) October 4, 2024
Сепак, најинтересното на овој натпревар се случи по неговото завршување кога во физички дуел влегоа тренерите на двете екипи. Шарунас Јасикевичиус и Јоргос Барцокас имаа жестока расправија што лесно можеше да прерасне и во тепачка. Додека одеше да се поздрави, литванскиот стручњак беше мошне гневен и урлаше по својот колега за потоа да продолжи вербалниот дуел додека не реагираа играчите на двете екипи.
Барцокас подоцна истакна дека бил нападнат додека се обидувал да се поздрави со Јасикевичиус, но остана нејасно дали имало расправија меѓу нив двајца во текот на мечот.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Олимпијакос 82-71
Париз – Црвена Звезда 77-80
Виртус – Анадолу Ефес 67-76


