Серијата од шест победи на Лос Анџелес Лејкерс заврши утринава со пораз од Орландо на домашен терен.
Тимот од Флорида славеше со 119-118, благодарение на тројката на Франц Вагнер на две секунди пред крајот. Претходно, Лејкерс имаа предност од седум поени во последната четвртина и изгледаше дека ќе ја продолжат својата низа во која ги победија Торонто, Мемфис, Филаделфија, Сан Антонио, Њу Орлеанс и Јута. Можеби и ќе ја продолжеа ако Леброн и Дејвис не промашеа по едно слободно фрлање во последната минута со што пропуштија можност да го решат прашањето околу победникот.
— Diamond Scar (@diamondscar22) November 22, 2024
По тројката на Вагнер, домаќините имаа шут за победа, но Дејвис по тајмаутот беше непрецизен и Орландо ја однесе победата.
Франц Вагнер со тројката ја круниса одличната вечер имајќи предвид дека со 37 поени, 11 асистенции и 6 скока беше убедливо најдобар играч во својот тим. Неговиот брат Мориц реализира 19 поени, а Сагс постигна 23. Ентони Дејвис го предводеше домашниот состав со 39 поени и 9 скока, додека Леброн постигна 31 поен, 10 скока и 7 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Детроит 123-121
Торонто – Минесота 110-105
Сан Антонио – Јута 126-118
ЛА Лејкерс – Орландо 118-119


